еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Апелација ја објави СМС пораката која Рускоска за Јанева ја пратила на судија

Апелацискиот суд во Скопје денеска на колегум расправал по најавите на јавната обвинителка Вилма Рускоска дека ќе покрене финансиска истрага против судиите кои вчера донесоа одлука со која ја пуштија во домашен притвор поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, обвинета во случајот „Рекет“.

Колегиумот, како што се посочува во соопштението од Апелација, во оценил дека искажаните сомневања на Рускоска се паушални, неосновани и грубо мешање во работата на судот.

-Ве известуваме дека вчера во вечерните часови, од страна на јавниот обвинител за гонење организиран криминал и корупција Скопје, Вилма Рускоска, е испратена СМС порака до еден од членовите на Кривичниот совет на Апелацскиот суд Скопје кој учествувал во жалбена постапка по повод изјавените жалби на обвинетата Катица Јанева, лично и преку нејзиниот бранител против првостепеното решение за продолжување на мерката притвор, која порака е со следната содржина:

„Ако ти со советот сте ја пуштиле Катица, да знаеш дека од гаќи ќе ве истресам цел совет со финансиска истрага. Заради судии како Вас, никогаш нема во ЕУ да влеземе. Ако не е твојот совет, се извинувам. Ама ако сте вие, ќе видите.“

Апелациониот суд Скопје, во врска со изнесената содржина на СМС пораката, како и подоцнежен јавен настап на јавниот обвинител со слична содржина во медиумите, недвосмислено изразува став дека тоа претставува директна закана и грубо мешање во работата на судот каде јавното обвинителство е само странка во постапката.

Апелациониот суд Скопје смета дека ваквото однесување на јавен обвинител претставува искористување на позицијата на јавен обвинител и обид преку јавен настап да се наметне постоење на елементи на корупција во постапувањето на Кривичниот совет и да се изрази неосновано и паушално сомневање во поглед на правилноста и законитоста на одлуката на Кривичниот совет за определување на мерка куќен притвор која по својата законска поставеност и правна природа е мерка која после мерката притвор, претставува најстрога мерка за обезбедување присуство на обвинетите во кривичната постапка.

Ваквото постапување на јавен обвинител претставува преседан во правосудниот систем со кое директно се нарушува угледот на судот, како и принципите на уставната поставеност на судската власт и слободното судиско убедување при донесување на судските одлуки, што во секој случај претставува кршење на Уставот, законите и Етичкиот кодексот на јавните обвинители.

Токму ваквото недолично однесување на јавен обвинител кој раководи со Обвинителството за организиран криминал и корупција, истовремено, претставува директно влијание врз текот на водењето на судските постапки и грубо го нарушува принципот на независноста на судството, како многу важен сегмент на владеењето на правото, а токму тоа може да биде пречка за пристапување на нашата држава во ЕУ, на кое нешто се повикува обвинителката.

За погоренаведеното писмено се известени и надлежните институции, се наведува во денешното соопштение од Апелацискиот суд во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рускоска најави финансиска истрага за судиите кои ја пуштија Јанева во домашен притвор

(ВИДЕО) Каде Катица Јанева ќе биде во домашен притвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема да има извештај, ниту гласање за реализација на Договорот, но Бугарија може да се повика на нешто друго, вели Османи

Редакција

Нови 80 случаи со Ковид-19 од 680 тестирања, најмногу во Скопје 54

Редакција

МЕПСО распиша тендер за набавка на авиобилети за 84.000 евра

Редакција