еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Заев во случајот „Поткуп“

Апелацискиот суд Скопје ја одби како несонована жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Поткуп“ во кој беше обвинет премиерот Зоран Заев и ја потврди ослободителната пресуда на Кривичниот суд.

-Апелацискиот суд Скопје постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-27/18, во јавноста познат како „Поткуп“, по одржана нејавна седница, донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, ја одби како неоснована и ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 Скопје КОК.бр.62/16 од 21.05.2018 година, соопшти денеска скопска Апелација.

Вака донесената одлука, како што се наведува во соопштението, ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Премиерот Заев беше обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев за продажба на државно градежно земјиште.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски му честиташе на Апелацискиот суд за Заев: Каква храбра и неочекувана одлука!

(ВИДЕО) Снимката на Заев за „Поткуп“ се уште се „врти“ на You tube

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Функционер на ВМРО-ДПМНЕ и вработен во училиште фатен со кокаин, ќе биде исклучен од партијата

Редакција

Како имот пријавил поранешниот министер за финансии, Драган Тевдовски

Редакција

ЈП Водовод и канализација – Скопје склучи договор со Пирамид билдинг солушнс вреден 575,6 илјади евра

Редакција