еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Случај „Труст“: Казната на Сеад Кочан намалена, Авировиќ заврши со условна

Апелацискиот суд Скопје делумно ги уважи пресудите од првостепениот суд за предметот „Труст“ и на обвинетиот Сеад Кочан му ја намали казната од шест години на четири години и осум месеци, а на обвинетиот Василије Авировиќ му е изречена алтернативна мерка условна осуда, така што му се утврдува казна затвор во траење од две години и истовремено се определува дека утврдената казна затвор нема да се изврши доколку обвинетиот за време од пет години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело, се наведува во соопштението од судот.

-Апелацискиот суд Скопје постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-1026/18, во јавноста познат како „Труст“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбите на обвинетите Сеад Кочан од Скопје и Василије Авировиќ од Скопје, делумно ги уважи на начин што ја преиначи првостепената одлука во делот на казната и обвинетиот Сеад Кочан го осуди на казна затвор во траење од четири години и осум месеци, а на обвинетиот Василије Авировиќ му е изречена алтернативна мерка условна осуда, така што му се утврдува казна затвор во траење од две години и истовремено се определува дека утврдената казна затвор нема да се изврши доколку обвинетиот за време од пет години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело, велат од судот.

Апелацискиот суд во останатиот дел првостепената пресуда во целост ја потврди.

Оттаму посочуваат дека вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Кочан и Авировиќ лани беа прогласени за виновни во судскиот процес „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), за злоупотреба на јавна набавка.

Кочан и Авировиќ, односно „Трансмет“ и „Силекс неметали“, според СЈО со лажни документи добиле тендер од ЕЛЕМ вреден 17,3 милиони евра. 

Авировиќ е син на пратеничката на Социјалстичката партија, Владанка Авировиќ, која гласаше за уставните измени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 476 случаи на Ковид-19 од 3.145 тестирања, бројката на активни е 8.455

Редакција

Запленети 27.000 евра на граничниот премин „Богородица“

Редакција

„Адора Инженеринг“ повторно ја зголеми сопственоста во Комерцијална банка

Редакција