еМагазин
Image default
Македонија

Апелација на јавна седница ќе одлучува за притворот на Мијалков

Апелацискиот суд во Скопје денеска на јавна седница ќе ги разгледува жалбите на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, за мерката притвор што му беше определена при изрекувањето на пресудата во случајот „Титаник 2″.

Во првостепената пресудата за „Титаник 2“ Мијалков е осуден на три години затвор, Мендух Тачи на три години и два месеци, Бедредин Ибраими на четири години и шест месеци, Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска добија по три години затвор.

Судот го прифати барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и им определи притвор на Сашо Мијалков и на Бедредин Ибраими, а останатите четворица осудени добија мерки за претпазливост. Обвинителите побараа притвор поради опасност од бегство.

Според обвинението од СЈО, Мијалков како директор на УБК и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го искористил своето влијание и преку Мендух Тачи договорил да се усвојат приговорите за прегласување на три избирачки места во Струмица на локалните избори 2013 година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За една недела 84 деца до 9 години заболеле со Ковид-19, лицата на возраст од 20-29 години остануваат најризични за заразување

Редакција

Државата да обезбеди независност, професионалност и непристрасност на судскиот систем, порачаа Борел и Вархеји

Редакција

Наскоро ќе добиеме нова Влада преводена од Заев, а шест-седум министри ќе бидат сменети, најави вицепремиерот Битиќи

Редакција