еМагазин
Image default
Македонија

Апелација одлучува по нова жалба за укинување на притворот од Катица Јанева

Апелацискиот суд Скопје одлучува по нова жалба за одбиената гаранција на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева за укинување на притворот или за замена со куќен притвор.

На денешниот брифинг со новинарите во Основниот кривичен суд Скопје беше речено дека за Јанева имаше одлука од Кривичен совет дека и се продолжува мерката притвор по предлог на Обвинителството. За тоа, како што велат од Судот, имаше жалба, предметот беше пратен во Апелациски суд, од каде известиле дека се прави измена на точка 2 и дека останува само точка 1 и притворот.

Претходно, имаше понудено гаранција кај судија на претходна постапка, бидејќи тој го има определено притворот. Од судијата на претходна постапка гаранцијата беше укината. На тоа решение исто така имаше жалба од 26 септември, но по предметот не можеше да се одлучува затоа што беше во Апелациски по жалбата на Кривичен совет.

Од Основниот кривичен суд Скопје велат дека предметот вчера после работното време стигнал во Судот и утрово веднаш е препратен со новата жалба до Апелацискиот суд, кој дополнително треба да одлучи за жалбата на одбиената гаранција.

Претходно, Апелацискиот суд ја одби жалбата на Јанева за одлуката на Кривичниот суд да и се продолжи притворот.

Во случајот „Рекет“ што го отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Катица Јанева е третоосомничена осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувањата како шефица на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски на лидерската со Заев ќе го отвори прашањето за предвремени избори

Редакција

Потпишана спогодба за безвизен режим меѓу Северна Македонија и Украина

Редакција

Полицијата трага по македонска државјанка во Словачка

Редакција