еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Апелација потврди: 2 години затвор за Груевски

Апелациониот суд ја потврди затворската казна од две години на Крвичниот суд, за експремиерот Никола Груевски.

Во соопштението објавено на ниваната веб-страница се вели дека: „казната е за незаконито влијание на обвинетиот Груевски за набавката на луксузниот „мерцедес С-600 гард“, кое тие не можеле да го одбијат зашто им бил шеф, премиер“.

Казната на осудениот Ѓоко Поповски му е намалена од 6,5 на 4, 5 години.

„Жалбите на обвинетиот Н.Г. од С. изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост.

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-23/18, познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот Ѓ.П. од С. делумно ја уважи на начин што ја преиначи во делот на одлуката за казната и го осуди на казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди“, соопшти Апелациониот суд во Скопје.

Случајот „Тенк“ го отвори Специјалното јавно обвинителство.

За поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за истиот случај се води одвоена постапка.

Скандалот за луксузниот мрецедес беше откриен по објаввувањето на „бомбите“ од страна на СДСМ.

Фото: Фејсбук-профил на Никола Груевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Основен суд Скопје 1: Груевски е должен доброволно да се јави на издржување на казната затвор

Груевски нема да ги подржи уставните измени предвидени со договорот за името

Груевски ќе ги искористел сите правни лекови за затворската казна

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пет лица од новозаразените со коронавирусот се со претходни заболувања

Редакција

Нови 628 случаи на Ковид-19, во Скопје дури 353

Редакција

Двајца починати од Ковид-19 во Тетово, сите хоспитализирани на кислородна поддршка

Редакција