еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Апелациониот суд и ја намали казната на Гордана Јанкуловска за набавката на луксузниот мерцедес

Апелациониот суд Скопје делумно ги уважи жалбите на обвинетата Гордана Јанкулоска, поранешна министерка за внатрешни работи за предмет „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на начин што ја преиначи првостепената пресуда во делот на одлуката за казната и обвинетата ја осуди на казна затвор во траење од четири години.

Апелациониот суд Скопје во останатиот дел првостепената пресуда во целост ја потврди.

„Постапувајќи по кривичниот предмет  КОКЖ-46/18, во јавноста познат како „Тенк“, по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбите на обвинетата Гордана Јанкулоска од Скопје, делумно ги уважи на начин што ја преиначи првостепената пресуда во делот на одлуката за казната и обвинетата ја осуди на казна затвор во траење од четири години“, се наведува во соопштението од Апелациониот суд.

Од Апелација информираат, дека вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Јанкулоска беше осудена на шест години затвор за набавката на луксузниот „мерцедес“ во одвоената постапка што за случајот „Тенк“.

Фото: Фејсбук/Гордана Јанкуловска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Средба на Ковачевски со Вархеји во Скопје: Деблокадата на евроинтеграциите е потреба и сега е моментот за тоа

Редакција

Обвинетиот Тони Трајковски оздраве: Судењето за „ТНТ“ продолжи со изведување докази

Редакција

(Фото) Претседателот Пендаровски ја посети Алкалоид

Редакција