еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Апликацијата AirCare доби забрана од „Гугл“ да известува за корона вирусот

Основачот на апликацијата за чист воздух AirCare, Горјан Јовановски информираше дека од „Гугл“ забраниле апликацијата да пренесува информации поврзани со состојбата со корона вирусот.

„Од денес, во AirCare ги отстрануваме нотификациите и постовите кои ги добивавте на дневна база во врска со глобалната ситуација.

Вчера добивме забрана од „Гугл“ за пренесување било каква информација поврзана со таа тема и дури самата апликација беше избришана од „Плеј стор“.

За среќа, со помош од многу наши пријатели низ целиот свет, успеавме да стапиме во контакт со „Гугл“ и од денес AirCare ќе биде повторно достапна за сите со исклучок на информациите поврзани со глобалната ситуација. Намерно го избегнувам терминот за да немаме повторно проблеми, но мислам се разбираме за што станува збор.

Од срце се извинуваме на Вас што ја користите AirCare, за да се информирате за ситуацијата овој период и навистина ни е жал што добивме ваква забрана кога со најдобра намера се обидувавме да ги држиме нашите корисници, информирани со официјални извори,“ извести Јовановски.

Инаку, „Гугл“ периодот блокираше огромен број на меилови и апликации, според кој, се шират голем број дезинформации поврзани со корона вирусот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре постудено: Наутро со температури во минус и магла

Редакција

Како пациенти со кардиолошки заболувања да се заштитат од корона вирусот

Редакција

На Клиниката за ортопедија за една недела направени три трансплантации на коскени ткива

Редакција