еМагазин
Image default
Бизнис

Јапонски начини на работење на претпријатијата кај нас: Јавен повик за бесплатно менторство

Агенцијата за поддршка на претприемништво (АППРСМ) и оваа година објави Јавен повик за спроведување на стандардизирани услуги на менторство за микро, мали и средни претпријатија, кој е отворен до 12 април.

Услугата на менторство е бесплатна и се одвива според методологијата која е развиена во соработка со Јапонската агенција за меѓународна соработка (ЈИЦА), а има за цел да обезбеди сеопфатна поддршка за непречен развој и постигнување на подобри резултати на стопанските субјекти.

Заинтересираните бизнисмени на располагање ќе имаат бесплатно стручно лице – ментор, кој ќе работи директно со сопственикот /правниот застапник/ менаџерот на претпријатието, одреден број на часови (50 часа по корисник).

Сопственикот/ застапникот/ менеџерот и менторот заедно ги проучуваат актуелното работење, причините за моменталните проблеми или пречките за понатамошниот развој, најважните потенцијали за пораст, и врз основа на констатираната состојба менторот и корисникот на услугите подготвуваат Акциски план или План за развој.

Стандардизираните сет услуги за микро, мали и средни претпријатија ќе се реализираат преку овластени ментори, работно ангажирани во рамките на Регионалните центри за развој МСП кои се дел од Институционалната мрежа за поддршка на претприемништво и МСП.

Услугата се однесува на бесплатни менторски услуги за новосоздадени микро, мали и средни претпријатија, не постари од 3 години од денот на објавување на Јавниот повик и претпријатијата со работење подолго од 3 години (регистрирани пред февруари 2016), кои се наоѓаат во критичен момент за нивниот понатамошен развој или опстанок на пазарот.

Право на учество на Јавниот повик за добивање на бесплатни менторски услуги имаат микро, мали и средни претпријатија кои ги исполнуваат следните услови:

• регистрирани се на територијата на Република Северна Македонија со доминантно домашен капитал

• ги подмириле сите јавни давачки по основа на даноци и придонеси

• не вршат деловна активност во рамките на воената индустрија и не организираат игри на среќа / лотарија.

Пријавите со сите придружни обрасци и документации се поднесуваат лично или препорачано во Регионалните Центри во Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Велес, Струмица и Охрид со забелешка: „Пријава на јавен повик за добивање на менторски услуги во 2019 година.”

Јавниот повик отворен е до 12 април 2019 година, а обрасците за пријава и адресите на Регионалните центри достапни се на интернет страницата на АППРСМ: www.apprm.gov.mk

За подетални информации сите заинтересирани можат да се обратат во Регионалните центри или АППСРМ преку електронската адреса [email protected].

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ пет акции со најголем пораст на Македонската берза

Редакција

Електродистрибуција со нови инвестиции во штипскиот регион – силна поддршка за производителите на обновлива енергија

Редакција

Колку пари чуваат граѓаните и фирмите во Стопанска банка Скопје

Редакција