еМагазин
Image default
Локално

Арачиновец со автомобил се забил во куќа

На 17.09.2018 година во 11,30 часот во Секторот за внатрешни Скопје било пријавено дека во село Арачиново, скопско на улица „1“ патничко моторно возило „Форд Ка“ со тетовски регистерски ознаки управувано од Н.С.(20) од село Арачиново, скопско изгубил контрола над возилото и удрил во бетонски ѕид од куќа, информира МВР.

Во незгодата сопатникот од возилото на возраст од 16 години од село Танушевци, скопско се здобил со тешки телесни повреди и со друго возило бил пренесен во комплекс клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, додека возачот се здобил со телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен “копач“ на биткоини кој крадел струја, одземени седум компјутери „мајнери“ за криптовалути

Редакција

Приведен скопјанец кој украл сеф со пари од аптека

Редакција

Млад тетовчанец со возило урна дел од ѕидот на тетовската касарна

Редакција