еМагазин
Image default
Македонија

АРМ чека „специјализирани служби“ да спроведат истрага за војникот Слаѓан Бојковски, посочен како креатор на лажни вести

АРМ чека „специјализирани служби“ да спроведат истрага за војникот Слаѓан Бојковски, посочен како креатор на лажни вести, пишува Мета.мк.

Во зависност од тоа што ќе утврди истрагата, можно е против професионалниот војник да се покрене дисциплинска постапка за нарушување на угледот на Армијата, што, според Законот за служба во АРМ, предвидува казни од писмено предупредување до отказ.

„Во случајот постапуваме во рамки на своите надлежности, секако дека го испитуваме, но и други, специјализирани служби го испитуваат случајот. Кога ќе заврши таа постапка, и во зависност од нејзиниот исход, ќе следат сите други потребни мерки“, велат во Генералштабот.

Професионалниот војник од Куманово Слаѓан Бојковски е посочен како креатор на лажни вести и сајтови со говор на омраза против мигранти и муслимани во истражување спроведено од холандскиот сервис за откривање лажни вести „Њузчекерс“.

Генералштабот потврди дека Бојковски е вработен во АРМ од 2002 година.

Извесно е дека во истрагата за случајот првенствено ќе се утврдуваат елементи на кривично дело.

Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белгиец разоткрил македонска мрежа на креатори на лажни вести зад која стои припадник на АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанакиески на суд: Ново рочиште за „Топлик“ на СЈО

Редакција

Најголем предизвик за Законот за употреба на јазиците ќе биде преведувањето

Редакција

Само 11% од заболените од Ковид-19 во Македонија завршиле во болница

Редакција