еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

АРМ најавува санкции за војникот што го поддржа нападот во Нов Зелан, а Лазаровска го избришала профилот

Професионалниот војник Татјана Лазаровска јавно на нејзиниот фејсбук-профил изрази поддршка за напаѓачот во Нов Зеланд и побара да му се даде Нобелова награда за храброст.

Таа ја вознемири јавноста имајќи предвид дека станува збор за лице кое е вработено во АРМ. Од таму најавуваат одговорност и преземање на соодветни дисциплински мерки.

„По сознанието од наша страна, согласно законските регулативи и надлежности е отпочната постапка за утврдување на одговорност и за преземање соодветни дисциплински мерки. Генералштабот најостро го осудува секој облик на изразување на било каков вид на нетрпеливост, дискриминирачко однесување или поддршка на истите од било кого. Од Генералштабот е наложено до потчинетите команди и единици секогаш да се преземат соодветни мерки за спречување и најостро санкционирање во рамки на законските надлежности на било кој непримерен облик на однесување и нарушување на угледот на Армијата од страна на своите припадници“, велат од АРМ.

Во меѓувреме, Лазаровска го избришала нејзиниот фејсбук-профил.

Во нападот на две џамии во Нов Зеланд загинаа 49 лица.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи потврди дека сопругата на пратеникот Костовски е вработена во МВР

Редакција

Девизните резерви на крајот на февруари 3,9 милијарди евра

Редакција

Пендаровски денеска ќе ги извршува редовните работни обврски, велат од Кабинетот по дојавата за бомба

Редакција