еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Армијата се вклучува во надзор на границите, во контрола на патните правци и во обезбедувањето витални објекти

Армијата за време на вонредната состојба во која се наоѓа државата ќе треба со своите единици да ги поддржи полициските сили и општините, одлучи Владата.

На АРМ и се налага да се вклучи во обезбедување и надзор на граничната линија на државната граница со цел спречување на влез и излез на сите лица кои имаат намера да извршат нелегален премин, да врши контрола на влез и излез на патните правци кои водат кон населените места преку воспоставување мобилни пунктови и контролни точки во реоните за ангажирање, како и да врши физичко обезбедување на витални објекти кои се обезбедувани од Министерството за внатрешни работи.

Согласно владината Уредба, Армијата треба да ангажира сили и за поддршка на единиците на локалната самоуправа, органите на државната управа или на други државни институции со цел спречување на ширење на епидемијата и отстранување на последиците настанати од епидемијата за укажување помош заради спасување на луѓето и материјалните добра.

-Владата донесе Уредба со законска сила се утврдуваат задачите на Армијата на Република Северна Македонија за време на траењето на вонредната состојба. Целта е поддршка на полициските сили на Министерството за внатрешни работи и поддршка на единиците на локалната самоуправа, органите на државната управа или на други државни институции за време на траењето на вонредната состојба, заради спречување на внесување, ширење и справување со коронавирус, информира владината прес-служба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се пренесува ли коронавирусот по сексуален пат?

Воведен полициски час од 21 часот до 6 наутро: Кој ќе може да се движи и каде

Предупредување на СЗО: Корона вирусот ги убива и младите

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 387 заболени од Ковид-19, најмногу во Скопје 255

Редакција

Детален преглед на состојбата по болниците во кои се лекуваат пациенти од Ковид-19

Редакција

Народна банка: Најмногу се земаат потрошувачки и станбени кредити, зголемени негативните салда на картичките

Редакција