еМагазин
Image default
Македонија

Армијата со 195 припадници се вклучи во обезбедување на болниците низ државата

Заклучно со вчерашниот ден вкупно 195 припадници на Армијата се вклучени во обезбедување на ред и дополнителна безбедност на болниците низ државава.

Освен во Скопје, припадници на Армијата се распоредени и во центрите кои згрижуваат ковид пациенти во Дебар, Гевгелија, Кавадарци, Кочани, Куманово, Гостивар, Охрид, Прилеп, Струга, Струмица, Велес, Кичево…

„Во најголем дел од центрите кои прифаќаат ковид пациенти, имаме припадници на Армијата согласно планот што го прави Армијата заедно со Министерството за внатрешни работи.

Дополнително во понеделник, 12 специјалисти и 20 медицински сестри ќе се вклучат во болниците во Скопје како подрршка на цивилно-здравствениот персонал, соопшти министерката за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција во Владата.

Во однос на тоа дека има поплаки оти припадниците на Армијата не придонесуваат за воспоставување на ред во болниците и чекаат насоки од обезбедувањето на болниците, Шекеринска со став дека Армијата постапува исклучиво по инструкциите кои произлегуваат од оперативните планови.

„Апсолутно е недозволено и нелогично војска да прима насоки од приватно обезбедување и тоа во никој случај не е така. Она што војската го прима се иструкции кои доаѓаат од Штабот и иструкции кои доѓаат од оперативните планови што ги работи МВР заедно со претставници на Генерал штабот,“ нагласи Шекеринска.

МИА/Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР со реакција за изјавата на бугарскиот министер Каракачанов

Редакција

Демократскиот сојуз избра нови членови на Претседателството и го реафирмираше ставот за внесување на Бугарите во Уставот

Редакција

(Фото) Главата на Анте Поповски ја фрлиле во Охридското езеро, осквернавени бисти на македонски поети во Струга

Редакција