еМагазин
Image default
Македонија

Арта Точи од Алијансата на Албанците нова пратеничка на местото на Мемеди

Арта Точи од Алијансата за Албанците ќе биде нов пратеник во Собранието на местото на Весел Мемеди од НДП, чија оставка беше констатирана на денешното пленарно заседание. Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница ќе го потврди мандатот на Точи како нова пратеничка.

Точи беше на листата на тогашната коалиција на Алијанса за Албанците во шестата изборна единица, која ја сочинуваа НДП-Движењето за реформи на Зијадин Села и Унитети на Гзим Острени.

Таа е поранешна заменик-министерка за надворешни работи во периодот по формирањето на Владата на премиерот Зоран Заев до крајот на декември 2017 година. Од ова место замина откако нејзината матична партија излезе од владејачката коалиција.

Алијансата на Албанците по верификацијата на мандатот на новата пратеничка, во Собранието на Република Северна Македонија ќе има тројца пратеници – Зијадин Села, Сурија Рашиди и Арта Точи.

МИА/Фото: Фејсбук-профил на Арта Точи

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собранието остана без еден потпретседател, констатирана оставката на Весел Мемеди

Која е Арта Точи, која ќе седне на пратеничкото место на Весел Мемеди

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четврта жртва на коронавирусот во Македонија: Почина жена на 66 годишна возраст од околината на Струга

Редакција

Судењето за „Маџар-Телеком“ одложено поради отсуство на судијката Давиткова

Редакција

Коцевски: Состојбата со Ковид-19 во Велес и велешко е аларманта

Редакција