еМагазин
Image default
Интервју

Атанасов: Граѓаните на Саемот на мебел ќе можат да ги видат најновите модели и трендовите во внатрешното уредување

Саемот за Мебел, кој заедно со Саемот „Технома“ и Саемот за градежништво ја формираат овогодинешната есенска саемска трилогија, се одржува на нова локација и тоа на целокупниот спортски комплекс „Борис Трајковски“.

На вкупната површина од 8.000 м2, овој саем ќе биде просторно организиран низ три пространи хали, од кои едната е ВИП Арената додека другите  две се современи монтажни изложбени објекти поставени во надворешниот дел на комплексот.

Директорот и сопственик на еден од најголемите салони за мебел кај нас и најпознати брендови „Југоекеспорт“, Томе Атанасов вели дека очекува како и сите досегашни саеми за мебел да профункционира добропознатиот триаголник помеѓу Скопски саем, излагачите и посетителите на саемот.

Каква е потребата од една манифестација како Саем за Мебел? Што таа му нуди на излагачот, а што пак на посетителот?

– Саемот за Мебел е одлична можност за директен контакт со посетителите, со директна презентација на нашите производи, и со одлична прилика за претставување на новитетите во светот на мебелот. Исто така оваа манифестација е секогаш проследена и со дополнителни акции, со што на посетителите им се нуди можност да ги добијат најновите парчиња мебел по поповолни цени.

Кои се вашите очекувања од овогодинешниот Саем на мебел, а што да очекуваат посетителите од вас?

– Очекувам како и сите досегашни саеми за мебел да профункционира добропознатиот триаголник помеѓу Скопски саем, нас – излагачите и посетителите на саемот. Односно да се направат соодветните услови од страна на организаторот, да се избере најсоодветната програма: атрактивна по цена и по дизајн од страна на учесниците, додека посетителите да добијат one stop shop како и one stop expo за сè што може да се очекува на тема продажба на мебел: од столче до опремување цели станови по мерка.

Дали новата локација ги задоволува вашите барања? Колку е лесно да се адаптирате на ваква промена?

– Секоја промена е и нов предизвик. Фактот што Саемот за мебел се одржуваше на едно место долги години, не значи дека истиот не може да се организира и на друго место. Верувам во способноста и искуството на тимот кој стои позади оваа манифестација и верувам дека како и секогаш ќе завршат одлична работа и ќе направат сè за сите од фелата да се претставиме на овогодинешниот саем во најдобрите можни услови.

Со што ќе се претставите оваа година? Дали имате некоја нова програма која ќе ја презентирате и ќе ја понудите на посетителите?

– Секако, како и секоја година, ќе ги претставиме најновите парчиња на мебел од најпознатите светски брендови. Македонските граѓани ќе имаат можност на едно место да ги видат сите најнови модели на производи и најновите светски трендови во светот на внатрешното уредување. Сите овие модели беа претставени и на овогодинешните светски саеми за мебел во Келн, Германија и Милано, Италија. Југоекспорт Стил ќе презентира голем број на производи и новитети за секој дел од домашниот простор, и секако истите ќе бидат пропратени и со специјални саемски попусти.

Дали има некои нови трендови во областа на мебелот кои ќе можеме да ги забележиме на саем? Што е моментално најактуелното парче мебел?

Рачно изработени гарнитури, модели со класичен стил, нови технологии на кревети и душеци се дел од новата насока во која и ние ќе ја раскажуваме нашата приказна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Македонија може да се гордее: Клиниката „Жан Митрев“ една од најдобрите во светот

Редакција

Ондер Хасдемир, комерцијален директор на Diamond Mall: Ќе понудиме уникатни опции за забава и разновидна понуда на можности за дружење

Редакција

Јовановски: Дипломатијата е многу важен дел од градењето на идентитетот на една држава

Редакција