еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Атиџе има илјадници „двојнички“ низ Македонија

Скромната ѕвезда на македонскиот документарец „Медена земја„, Атиџе Муратова, чиј живот се смени на подобро по големиот успех на филмот, преку документарецот, но и со нејзиното однесување потоа, ни испрати бројни пораки, а највпечатливата е дека се треба да се дели.

Да не се биде алчен и да се помага.

Нејзиниот живот допрва ќе и носи уште многу убави работи, но за жал за илјадници жени низ Македонија со слична судбина работите ќе останат исти.

Нив ги гледаме секојдневно, во автобус, на улица, на пазар, на нива, на работа…

Ви текнува на женичката која беше малтретирана од општински инспектор на пазар во Скопје? Таа само сакаше да заработи за парче леб.

Таа сигурно не е единствена.

Реално сите неможат да ја имаат среќата на Атиџе, па затоа кога следниот пат ќе ги видете помогнете им. Купете нешто од нив, станете во автобус за да седнат, насмевнете им се, напрајте им муабет, подајте им рака…

Раката што дава не се суши, велат постарите. А ќе им го направете денот поубав.

Ако сите ги заборавиле и животот не бил дарежлив кон нив, бидете Вие.

И Атиџе би го направила истото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Креаторката Кокев: Атиџе на Оскарите ќе ја испратиме скромна, убава, дотерана онака како што се чувствува најпријатно

Атиџе и семејството од „Медена земја“ ќе добијат домови, а авторите на филмот државна награда

На Атиџе и се оствари уште една желба, ќе стане пејачка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмладото на 22-годишна возраст: Од Ковид-19 починале 14 лица, дополнително пријавени уште 7

Редакција

Каков имот пријавил Назим Буши, заменик министерот во МВР, кој престојувал во хотел во Истанбул, каде ноќевање чини 20 илјади евра

Редакција

Починаа девет нови лица од Ковид-19, вкупната бројка се зголеми на 460

Редакција