еМагазин
Image default
Македонија

Атина ќе испрати вербална нота: Македонија следната недела станува Северна Македонија

Вербална нота што ќе информира дека Грција го ратификуваше и Договорот од Преспа и Протоколот за членство во НАТО, во понеделник ќе испрати Атина до Скопје, според алтернативниот министер за надворешни работи на Грција.

Јоргос Катругалос, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, ги објаснува следните чекори откако грчкиот Парламент во петокот даде зелено светло за Протоколот за членство во НАТО, а на 25 јануари го ратификуваше Договорот од Преспа.

„Во понеделник ќе биде испратена Вербална нота што ќе информира за ратификацијата на договорот и во продолжение Северна Македонија ќе ги информира ОН, но и сите земји членки што ја признаа под уставното име, така што од сега па натаму признавањето да биде со новото уставно име.

И секако, од понеделник започнуваат нејзините обврски, во внатрешноста да ги промени имињата на улиците, на објектите, на документите што го имаат старото име, како што беше договорено“, објаснува Катругалос, за грчката новинска агенција.

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија за АНА-МПА, на прашањето дали од следната седмица соседната земја ќе биде обврзана да го користи новото име, одговара позитивно и додава дека Договорот од Преспа е јасен во однос на тоа.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Табли на државните институции со Северна Македонија откако Атина ќе го ратификува Протоколот за членство во НАТО

Ќе замине ли знамето од Вергина (Кутлеш) во историјата? Што предвидува Договорот од Преспа

Скопје ќе биде „преплавено„ со „грчки“ споменици: Следи имплементација на Договорот од Преспа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нухиу за насилството во Собранието: Чавков не ми одговараше на повиците

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава за злоупотребени гласови на референдумот

Редакција

Одбраната ќе поднесе жалба за притворот на Мијалков

Редакција