еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Галерија) „АТС Груп“ инвестираше 3 милиони евра во нова фабрика за композитни производи за балистичка заштита и безбедност

„АТС Груп“ денес свечено ја промовираше новата современа фабрика за производство на композитни производи наменети за опрема на армијата и полицијата во делот на балистичка заштита и безбедност.

Се работи за „грин филд“ инвестиција во висина од над 3 милиони евра. Во компанијата работат 80 лица, а се планира бројот на вработени да се зголеми.

Во фабриката се инсталирани нови софистицирани машини кои се целосно автоматизирани и не дозволуваат грешка од човечки фактор, со што е обезбеден услов за автоматизирано производство кое гарантира врвен квалитет на финалниот производ.

„Иако повеќе од 20 години ,АТС Груп’ работи на повеќе странски пазари, моја желба беше да инвестирам и во родната земја бидејќи верувам во потенцијалите и во бизнис климата тука. Што е уште поважно, денес промовираме инвестиција во фабрика која е целосно извозно ориентирана, што е потврда дека и нашата земја може да даде производи кои се висококонкурентни и на странски пазари“, истакна Шефшет Демировски, сопственик на „АТС Груп“.

Производите од оваа фабрика се извезуваат во Република Турција, за потребите на турската армија, во земјите во Европа, како и за потребите на Министерството за одбрана на Катар. За 2019 година компанијата има планиран обрт од околу 30 милиони евра.

„АТС Груп“ донира опрема во вредност од 50.000 евра на Министерството за внатрешни работи,  Управата за финансиска полиција и Казнено поправната установа – Скопје.

На промоцијата на фабриката присуствуваше и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

Економијата и создавање на услови за нови инвестиции се главен фокус на Владата. Ние голем дел од нашата работа го посветуваме на создавање на што подобри услови за нови инвестиции. Ги поздравувам ваквите приватни иницијативи и сакам да испратам порака дека Владата ќе даде поддршка и ќе работи на механизми за олеснување и поттикнување на инвестициите во земјава“, истакна Заев.

Покрај досегашните инвестиции во новата фабрика, планирани се и дополнителни вложувања од 500.000 евра во нови машини и опрема. Исто така, ќе се инвестираат дополнителни 300.000 евра и во нова современа меѓународно акредитирана балистичка лабораторија. Оваа лабораторија ќе овозможи тестирање на производите на „АТС Груп“, како и на производи од овој тип произведени во странство.

„АТС Груп“ е единствена македонска компанија од оваа област, која досега учествуваше на воени саеми во Турција – IDEF 2019, Франција – Milipol Paris 2017, а ќе учествува и на Milipol Paris 2019.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Што бе Белорусија фукнал далавера???„: Твитер реакции за грешката на Евровизија и искачувањето на Тамара на седмо место

Редакција

Државното правобранителство вработува шест лица, плата до 28.068 денари

Никола Осило

(Галерија) Проект вреден 250 милиони евра: Како ќе изгледа новиот уникатен комплекс “Diamond Skopje” на Лимак холдинг

Редакција