еМагазин
Image default
Спорт

Авицена Женска трка се надминува себеси: Рекорден број пријавени кандидатки

Се ближи стартот на седмото издание на Авицена Женска трка. Годинава Сојузот на спортови на Град Скопје во рамките на Виз Ер Скопски маратон го одбраа 31-ви март како идеален датум за реализација на трката.

Стартната точка е кај фонтаната Лотос на булеварот Илинден во Скопје со почеток во 09:30 часот.

„Новост годинава е дополнителниот километар кој е додаден на трката и со тоа таа за првпат ќе биде во должина од три километри. Имајќи во предвид дека трката е еден ден пред денот на шегата ги повикуваме сите да дојдат и да се забавуваат со маски за да внесеме што повеќе позитивност и радост во трчањето. Најважно од сѐ е спортот да претставува насока во која покрај негувањето на здравјето, ќе го негуваме и духот.

Оваа година го срушивме рекордот на пријавени и тоа покажува колку е важно во нашето општество да имаме трки и активности кои сплотуваат. Како и претходните години, така и годинава, оваа трка има натпреватувачки карактер со тоа што на трите најдобри тркачки во генерален пласман и најдобрите три во седум старосни категории ќе им бидат доделени медали и вредни награди“, вели Гордана Николовска од Сојуз на спортови на Град Скопје.

Таа додава дека се многу благодарни на компаниите како Fashion Group кои помогнаа во донациите за хуманитарни цели.

„Со гордост би истакнал дека бележиме рекорден број на пријавени кандидатки на трката. Пред завршување на последниот круг пријавувања се сруши рекордот од над 2.000 натпреварувачки. Кандидатките кои се пријавија пред 28-ми февруари преку купување на dry-fit маичка донираа по 100 денари за помош на Снежана Караџовска заради остварување на нејзината желба за повторно да прооди.

Оние кои нема да се натпреваруваат или пак сакаат да помогнаат со донација, тоа ќе може да го направат со отворени донации во кутии на 31-ви март“, рече Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон.

Парк Хотел и Спа веќе трета година по ред со гордост го носи епитетот партнер и спонзор на оваа елитна манифестација и воедно ќе биде ексклузивното место домаќин на маратонците ширум цел свет кои оваа година ќе бидат дел од Виз Ер Скопскиот маратон.

Во рамки на партнерството за Авицена Женската трка, Парк Хотел и Спа приреди бројни изненадувања за учесниците претстојниот викенд.

Трката е во организација на Сојуз на спортови на Град Скопје, а под покровителство на Град Скопје и Агенција за млади и спорт на Република Северна Македонија, како дел од промотивните трки на Виз ер Скопски Маратон 2019.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макпетрол“ најуспешен на младинскиот карате куп на Македонија

Редакција

Каратистите на „Макпетрол” ќе се натпреваруваат на Балканското првенство во Подгорица

Редакција

Даниел Димевски доби огромна доверба од делегатите да го предводи МОК и во следните четири години

Редакција