еМагазин
Image default
Спорт

Авицена женска трка се одложува за 6-ти септември

Долгоочекуваната Авицена Женска трка, која што е симбол за подигање на свеста за здрави навики и унапредување на здравјето, поради ситуацијата во земјата со корона вирусот, се одложува.

Првичниот датум за одржување на Авицена Женска трка организаторите го закажаа на 5-ти април и напорно се подготвуваа ова да биде најдоброто издание на трката досега. Но, поради заострувањата на мерките и препораките од страна на надлежните институции во врска со Коронавирусот, COVID-19, трката се одложува и се презакажува за 6 септември 2020.

Организаторите јавуваат дека сите пријави остануваат важечки и се префрлаат за новиот датум, а доколку некоја учесничка не може да учествува на тој датум ќе добие маил со  инструкции за тоа кои опции ќе бидат во можност.

Пријавувањето останува отворено до 31 август 2020. Исто така, сеуште остануваа можноста и за купување на dry-fit маицата со логото на трката. Со продажбата на маиците, 100 денари од секоја продадена маица одат за Интервентниот женски фонд на Национална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство.

Од организацијата посакуваат добро здравје на сите граѓани со желба да се следат препораките од надлежните институции.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Кој ќе ја преставува Македонија на зимската Олимпијада во Пекинг

Редакција

Шахистите на ШК Алкалоид повторно со шампионските титули

Редакција

Сојуз на спортови ги додели наградите 13 Ноември

Редакција