еМагазин
Image default
Македонија

АВМУ: Политичарите да се воздржат од тужби кон медиумите и да не ја загрозуваат слободата на изразување

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ги повикува политичарите да се воздржат од тужби кон медиумите и да не ја загрозуваат слободата на изразување, се вели во нивното соопштение.

„Најавите за тужби претставуваат директен притисок врз работата на медиумите особено кога известуваат за теми од висок степен на јавен интерес.

Медиумите се чувари на јавниот интерес и креатори на јавната свест и затоа мора во интерес на јавноста, да објавуваат сеопфатни и проверени информации. Како што е наведено во Декларацијата за слободата на политичка дебата во медиумите на Советот на Европа „правото на слобода на изразување со себе носи обврски и одговорности за кои вработените во медиумите мора да водат сметка“.

Воедно ги потсетува претставниците на власта дека со самото прифаќање на функцијата прифатиле да бидат предмет на јавна политичка дебата, а со тоа и предмет на надзор на јавноста и на потенцијално силна јавна критика преку медиумите во поглед на начинот на кој ги извршуваат своите функции.

Агенцијата постојано апелира првенствено да се користи правото на исправка или одговор наместо директно да се прибегнува кон тужби против новинари и медиуми, особено кога станува збор за носители на јавни функции“, велат од Агенцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој го сликаше записникот за сведочењето на Камчев за „Рекет“?

Манчевски до АВМУ и до медиумските организации: Според кои стандарди „Инфомакс“ е медиум?

ЗНМ и СЕММ: Функционерите да се воздржат од тужби за новинари, медиумите да бидат професионални

Заев најави тужба за клевета за случајот „Рекет“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) „Јас сум горда Еврејка од Република Македонија“: Што кажа разрешената министерка Мизрахи во Собрание

Редакција

(Видео) Новата амбасадорка на САД Кејт Бирнс и сопругот им се претставија на македонските граѓани

Редакција

Нови 722 случаи на Ковид-19 од 3.701 тестирања

Редакција