еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Јавниот долг достигна 5,1 милијарди евра: Владата ќе продолжи да се задолжува

Државниот долг на Република Македонија на 30.9.2018 година изнесува 4,3 милијарди евра, односно 40,3% од БДП, додека јавниот долг на 30.9.2018 година изнесува 5,1 милијарди евра, односно 48,2% од БДП.

Иако со овие бројки Република Македонија е умерено задолжена земја станува јасно дека земјава е влезена во континуирано задолжување без кое не би можело да се сервисираат расходите од буџетот и истовремено да се враќаат достасаните долгови.

Тоа го покажува и предлог-буџетот за 2019 година во кој Владата планира нови заолджувања. Проектираниот дефицит за 2019 година од 17,7 милијарди денари, отплатата по основ на главница на надворешен долг во износ од 6,2 милијарди денари и отплатата на домашен долг во износ од 10,3 милијарди денари ќе се финансираат преку задолжување во странство и на домашниот пазар на
државни хартии од вредност.

Отплатата на главница по основ на надворешен долг го вклучува редовното сервисирање на обврските по надворешниот долг додека отплатата на домашен долг ги опфаќа отплатите на државни обврзници во износ од 9,8 милијарди денари и отплата на структурни обврзници во износ од 544 милиони денари.

Вo рамки на домашното задолжување кое е предвидено на ниво од 19 милијарди денари, со истовремена отплата на државни обврзници во износ од 9,8 милијарди денари, ќе се реализира максимален износ на нето задолжување преку континуирани државни хартии од вредност во износ од 9,2 милијарди денари. Со задолжување на домашен пазар на државни хартии од вредност ќе се обезбеди финансирање под поволни услови, користејќи ги поволните каматни стапки.

„Со цел оптимизација на исплатите и намалување на ризикот за рефинансирање, основна заложба на Министерството за финансии ќе биде зголемување на рочноста на издадените хартии од вредност преку издавање на државни обврзници со подолги рочности.

Задолжувањето во странство може да се реализира преку повлекување на средства од поволни кредити од странски финансиски институции наменети за финансирање на одделни проекти, како и преку заем за буџетско финансирање гарантиран од Светска банка.

Покрај ова, се предвидува и зголемено акумулирање на депозити на буџетската сметка со цел редовно и навремено финансирање на обврските кои доспеваат на почетокот на 2020 година“, се вели во предлог-буџетот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Почина Аки Рахимовски, пејачот на Парни ваљак

Редакција

Убава вест: Голема бројка од 95 оздравени пациенти од корона вирусот, вкупно 945

Редакција

Кои се најтргуваните акции на Македонската берза во јуни

Редакција