еМагазин
Image default
Локално

Јавниот превоз во Скопје нема да функционира од утре по 15 часот до понeделник во 5 часот

Јавниот превоз од утре, сабота (25 април) од 15 часот до понеделник (27 април) до 5 часот, нема да функционира. Ваквиот режим е согласно одлуката на Владата за забрана на движење на граѓаните во посочениот период, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Автобусите од јавниот превоз утре, сабота (25 април) ќе сообраќаат од 5 до 15 часот, по саботен возен ред.

Термините за поаѓањето на автобусите може да се видат на веб страницата www.jsp.com.mk.

Отворени од 7.30 до 14 часот ќе бидат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел, билетарниците на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.

Во истиот период ќе работат и центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар, информираат од ЈСП Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Совозач нападнал полицаец кој вршел контрола на возилото

Редакција

„Мафијашки филмови“ во Скопје: Впериле пиштол во полицајци кои пренесувале убиец

Редакција

(Фото) Засолништето на планинарите вандализирано: Вреќи песок на грб се носеа за кулата на Титов врв да се направи за поголема безбедност

Редакција