еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јавно ќе се објавуваат имињата на лицата кои одбиваат да примат решенија за самоизолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) се соочува со сериозен проблем со лицата кои не сакаат да ги примат решенијата за самоизолација, наведе на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, посочувајќи дека се размислува и за алтернативна правна форма како овие решенија да се поделат, а една од опциите е јавно да се објави список на лица коишто треба да бидат во самоизолација.

– Се размислуваше и за алтернативна правна форма како овие решенија да се поделат. Една од опциите е, и тоа во многу брзо време ќе го расчистиме, јавно да се објави, според Законот за управна постапка, и список на лица коишто треба да бидат во самоизолација, заради тоа што навистина многу време се губи и се загрозува јавното здравје посебно од страна на лицата коишто не сакаат да излезат во пресрет и да соработуваат со епидемиолозите и со ДСЗИ, нагласи Филипче.

Тој, одоговарајќи на прашањето дали е запознаен дека Инспекторатот се соочува со проблем, бидејќи одредени граѓани одбиваат да ги земат решенијата за самоизолација оти не се двојазични, рече дека постојат различни причини поради кои тие не сакаат да ги земат решенијата, и оти исто така, луѓето даваат погрешни адреси, погрешни телефонски броеви, како и погрешни податоци за нивните контакти.

–  Инспекторите не можат да ги најдат овие лица и тоа е еден сериозен ризик. Затоа многу често апелираме и да се даваат точни податоци и да се соработува и со епидемиолозите и со инспекторите на ДСЗИ, нагласи Филипче.

Министерот кажа дека голем е проблемот со тоа да се поделат решенијата за самоизолација, како мерка против ширење на Ковид-19, и од таа причина тие повикале и на помош вработени од Собранието за да им помогнат на инспекторите за изготвување и делење на решенијата.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Откриени првите мутации на корона вирусот во Македонија

Од починатите 193 пациенти со Ковид-19, 76% имале хронични болести

Пет новопочинати од корона вирусот, вкупно 193

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Десет нови случаи со коронавирусот во Кавадарци, претежно млади лица

Редакција

Одложено судењето за случајот „Плацеви на Водно“, обвинителката Стефанова ќе се тестира за Ковид-19

Редакција

(Видео) Уште двајца пациенти со корона вирусот заминуваат дома по успешниот третман со хемофилтрацијa во клиниката Жан Митрев

Редакција