еМагазин
Image default
Македонија

Јавноста исклучена од судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро

Судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година продолжува денеска во Кривичниот суд без присуство на јавноста.

Во судница се прикажуваат докази обезбедени со посебни истражни мерки, а дозволено е присуство единствено на стручна јавност.

Случајот го води судијата Огнен Ставрев. Предметот се наоѓа во доказна постапка, а јавноста беше исклучена и од минатото рочиште.

„Монструм“ во февруари минатата година почна од почеток, откако случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Максим Ацевски предложен за главен државен ревизор

Редакција

Јанакиески доби четири години и шест месеци затвор за „Титаник“, Јанкулоска две години и шест месеци

Редакција

Советничката на министерката Ангеловска, Олимпија Христова Заевска поднесе оставка

Редакција