еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Јавноста не дозна кој се е вплеткан и каде се парите: „Рекет“ пред обвинение

За неколку дена истекува рокот во кој Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција треба да подигне обвинение за случајот “Рекет“, кој е топ тема со месеци.

Во случајот за сега се осомничен Бојан Јовановски – Боки 13, кој е во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Зоран Милески, кој е во домашен притвор и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која исто така е во притвор во затворот „Скопје“.

Изминативе месеци се шпекулираше на големо за инволвираност во случајот и на други обвинители, судии, адвокати, но и политичари.

Дали евентуалното обвининение, за кое треба да одлучи дали ќе го покрене Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, но и евентуалното судење кое треба да следи по истото, ќе исфрлат нови имиња останува да видиме.

Во Обвинителството периодов исказ даваа неколку обвинители и вработени во поранешното Специјалното јавно обвинителство (СЈО), бизнисмени, пратеници, дел од раководство на невладината Меѓународен сојуз на Боки 13…

Сепак јавноста не доби одговор на едно од клучните прашања: каде завршија 1,5 милион евра „изрекетирани“ од бизнисменот Орце Камчев, кој е жртва-сведок во „Рекет“.

Треба да се напомение и дека истрагата за „Рекет“ исто така често беше мета на критики во медиумите и во јавноста, посебно како во истата беше третирана Јанева, која беше на одмор во Грција, откако во затвор завршија Боки 13 и Милески, а откако се врати од летување, за да биде приведена се чекаше обвинителите од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да се вратат од одмор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дизелот поскапува за еден денар, цената на бензините останува иста

Редакција

„Стентон градба“ го доби тендерот на „Водовод Битола“ за изградба на нова управна зграда вреден 708.000 евра

Редакција

Моменталната состојба со пензиските финансии не дозволува зголемувања на пензиите, велат од „Фајненс тинк“

Редакција