еМагазин
Image default
Македонија

Јавното обвинителство и претседателот Стево Пендаровски се „скараа“ за „Рекет“

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија (ЈОРСМ) денеска реагира на вчерашната изјава на претседателот Стево Пендаровски за случајот „Рекет“.

Не е време за напади на институциите, наведува ЈОРСМ и додава дека нема да дозволи дискредитирање на обвинители и мешање во кривични постапки од страна на политичарите.

„Изјавата на претседателот на Република Северна Македонија дека дава целосна поддршка на обвинителството и дека ќе ги употреби сите уставни и законски овластувања за да го заштити од притисоци ќе беше реална, доколку повикаше пратениците да го изгласаат Законот за јавното обвинителство и доколку дадеше поддршка за зајакнување на капацитетите на обвинителството за поефикасна борба против криминалот и владеење на правото“, стои во соопштението од Обвинителството.

ЈОРСМ ја уверува јавноста дека за посочениот предмет се постапува неселективно и навремено, според утврден план на истрагата и дека сите инволвирани во кривични дела ќе бидат сослушани или испитани и ќе одговараат согласно законот.

„ЈОРСМ уште еднаш потенцира дека подлегнувањето на политички притисоци и мешање во работата на обвинителството, штетно влијае врз текот и успешноста на истражната постапка и врз обезбедување на доказите“, се наведува во денешното соопштение од Обвинителството.

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски пак одговори дека во своето обраќање на вчерашната прес-конференција тој по ниту еден основ не го дискредитира Јавното обвинителство на Република Северна Македонија (ЈОРСМ), ниту постои намера за напаѓање на надлежните институции и мешање во кривичните постапки коишто се во тек.

„Потенцираме дека претседателот Пендаровски во своето обраќање изрази целосна поддршка за надлежните институции, а особено на обвинителството и судот и истакна дека ќе стори се за да ги заштити од евентуалните притисоци при спроведување на истрагата и целосно расветлување на случајот „Рекет““, стои во реакцијата.

Кабинетот на Пендаровски уште еднаш укажува дека е потребно ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата за случајот „Рекет“, почитувајќи го начелото на презумпција на невиност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски ги прочита мислите на граѓаните биле од СДСМ или од ВМРО- ДПМНЕ

(Видео) Пендаровски разочаран: Наместо брза и темелна истрага за „Рекет“, надлежните си отидоа на одмор

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски се сретна со Радев, разговарале за справување со енергетската криза

Редакција

Демократскиот сојуз ги објави предлог заклучоците за францускиот предлог

Редакција

Во Македонија најмногу вакцинирани со Фајзер и Синовак

Редакција