еМагазин
Image default
Македонија

Јавното обвинителство се уште разгледува дали да ги прифати предметите на СЈО

Јавното обвинителство се уште го разгледува прашањето дали да ги прифати предметите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), информираат од ЈОРМ.

Вчера претпладне специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор во КПУ Затвор Скопје-Скопје како осомничена за случајот „Рекет“, даде полномошно сите предмети на СЈО да бидат предадени на Јавното обвинителство на РСМ.

Со полномошното Јанева ги овластува обвинителите во ова Јавно обвинителство да ги предадат на Јавното обвинителство на РСМ предметите кои се водат во ова Јавно обвинителство и тоа: кривичните предмети во судење, во истрага и во предистрага.

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија доставил известување од јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, кое го примил преку КПУ Затвор Скопје- Скопје.

-Во известувањето се наведува дека јавниот обвинител за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ги овластува јавните обвинители во тоа обвинителство кривичните предмети да ги предадат во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, соопштија од Јавното обвинителство.

Во Јавното обвинителството, како што е наведено во соопштението, примено е и известување со барање информации од СЈО, во кое е приложено и доставеното полномошно.

Мандатот на СЈО истекува на 15 септември. Неговиот иден статус треба да се реши со новиот закон за ЈО кој е во собраниска процедура, но за него власта и опозицијата засега не можат да се усогласат.

Денеска на седница на Комисијата за избори и именувања едногласно и без дебата беше донесен заклучок да му предложи на Собранието да ја разреши специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена за случајот „Рекет“.

Одлуката е донесена врз основа на извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на Јанева поради нестручно и несовесно работење.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собраниската Комисија едногласно и без дискусија донесе одлука Јанева да биде разрешена

Може ли Јанева од притвор да бара предметите на СЈО да ги преземе Јавното обвинителство?

„Катица од притвор си раководи со даљинско“: Твитер реакции за писмото кое Јанева го прати до СЈО од Шутка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот во понеделник повторно ќе се обиде да му го достави решението на Груевски

Редакција

Филипче: Најголемиот страв од корона вирусот не ни се случува, нема затрупување на болниците со заболени пациенти

Редакција

Денеска крај на учебната година за средношколците, не и за основците

Редакција