Автобусот со македонски регистарски таблички што излета од автопатот кај Лесковац ноќеска во 01:45 часот, е на струшката компанија „Еуробус“.
Тргнал синоќа во 19 часот од Битола и сообраќал на редовната линија за Виена.
Сопственикот на „Еуробус“ Џитан Истрефи за МИА изјави дека автобусот, произведен во 2006 година, редовно ги поминувал техничките прегледи.
– Испративме друг автобус и наши вработени на местото на несреќата за да ја видат состојбата и да се преземе се што е потребно. Нашите автобуси редовно се сервисираат, кај нас нема грешки, изјави Истрефи, не изнесувајќи други детали за несреќата.
Според досега објавените информации, во несреќата загинале две жени и еден маж, а се повредени 32 лица.
Како што јавија српските медиуми, во тек е идентификација на жртвите. Четири патници се со повреди опасни по живот, и префрлени се во Клиничкиот центар во Ниш, додека останатите се задржани во болницата во Лесковац.
Возачот и совозачот не се повредени, но не смеат да даваат изјави за медиуми. Тројца од патниците со тешки повреди се на интензивна нега во одделот хирургија болницата во Лесковац додека еден е на ортопедија. Останатите патници, – 23, се со полесни повреди.
МИА/Фото: Фејсбук/Еуробус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детали од МНР: Загинатот маж во несреќата кај Лесковац е од крушевско, а едната жена од Кочани
Видео од несреќата со македонскиот автобус кај Лесковац
Нови детали: Во несреќата кај Лесковац на лице место починале маж и две жени
Тројца загинати откако се преврте автобус со македонски регистерски таблички близу Лековац