еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Автомат клубовите „Адмирал“ донираа медицинска опрема во вредност од 20.000 евра на Општа болница во Гостивар

ЈЗУ Општа болница во Гостивар доби донација со болнички кревети во износ од 20.000 евра од страна на автомат клубовите „Адмирал“. Оваа донација е дел од хуманитарната акција на компаниите членки на Групацијата НОВОМАТИК во Македонија, посветена на здравствените установи во нашата држава.

Автомат клубовите „Адмирал“ донираа 10 електронски болнички кревети кои исполнуваат високи европски стандарди, сé со цел здравствените работници и здравствениот систем полесно да се справат со ударот од последиците на болеста предизвикана од вирусот Ковид-19.

Од компанијата веруваат дека  се потребни токму вакви таргетирани акции, сé со цел обезбедување на потребите на институциите кои се во првите редови во борба против оваа здравствена криза.

Компаниите членки на Групацијата НОВОМАТИК во Македонија (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел) уште на почетокот на пандемијата од вирусот Ковид-19 ја препознаа потребата за заедништво и несебично помогнаа на државните институции кон полесно справување со овој предизвик.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска хуманитарна штафетна трка во Градски парк за поддршка на семејствата кои имаат лица со попреченост

Редакција

(Фото) Tиквеш се нуди како главно вино во Пешкопеја, Албанија

Редакција

LIVSANE караванот викендов ги топлеше туристите во Маврово и Охрид

Редакција