Се уште е нејасно како всушност се вика новиот автопат Миладиновци-Штип, кој официјално беше пуштен вчера.
Дел од медиумите објавија дека има одлука од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ истиот да се вика „Гоце Делчев“.
Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека доколку постои таква одлука истата ќе се почитува, а за сега нема реакција за името од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ.
Во меѓувреме не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи за заслугите за автопатот, неговиот квалитет, а едно од прашањата е и името на автопатот.
Еве дел од твитовите:
Пуштени во употреба 50 км на автопат. Е сега остануваат уште 450 км ветените од Цацко🤣🤣🤣
— Zlatko Petrovski (@ZlatkoPetrovski) July 6, 2019
Автопат Гоце Делчев, името на автопатот е објавено во службен весник на Република Македонија
— Загор од Македонија (@ZagorMakedonski) July 6, 2019
Од правење до отварање има голема разлика !!!#Автопат
— 🇲🇰 Jana 🇲🇰 (@janaeedna) July 6, 2019
На новиот автопат "Гоце Делчев" нема ниту една табла каде може да се прочита дека името е "Гоце Делчев".
Бедотии— Курвин Водењак (@Jovanowsky) July 6, 2019
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Импресивна снимка од новиот автопат Миладиновци-Штип
(Видео) Со официјална церемонија пуштен во употреба автопатот Миладиновци-Штип
Се скараа кој го изградил автопатот Миладиновци-Штип како од џеб да ги дале парите
Фото: Влада