еМагазин
Image default
Македонија

Бакојани: Се чини дека референдумот ќе помине

Во овој момент најверојатно сценарио е дека референдумот ќе помине, така се чини, но не сум жител на ПЈРМ за да знам, вели поранешната министерка за надворешни работи на Грција, Дора Бакојани во интервју за грчкото радио „Њуз247“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Бакојани истакна дека „Договорот од Преспа веќе произведува резултати“, а коментирајќи ги последните изјави на Панос Каменос, рече дека „сериозноста и Каменос се два збора кои тешко одат заедно“.

– Каменос не ја искористи единствената шанса што му беше дадена кога Нова демократија достави предлог за гласање недоверба на владата за скопското прашање, кога во парламентот детално беше анализиран резултатот на потписот што ќе го стави Коѕијас за време на процесот во Преспа. Тоа го кажавме јасно и гласно. Реалноста е дека господинот Каменос се скри зад неговата позната реторика, ја одбрани владата и му го даде пенкалото на господинот Коѕијас за да го потпише Договорот од Преспа. А договорот од Преспа веќе произведува правни резултати, не постои сомнеж за тоа, рече Бакојани.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прекрошоци за 420 граѓани коишто не носеле заштитна маска

Редакција

Свети Николе за неколку дена стигна до 105 активни случаи на Ковид-19

Редакција

Во Македонија регистрирани поголем број нови варијанти на Ковид-19, можен внес од странство

Редакција