еМагазин
Image default
Локално

Баксуз ресенчанец: Завршил во болница откако се акнал во столб со украдено „Берлинго“

На 13.08.2019 во 04,00 часот било пријавено дека во Ресен на улицата „Борис Кидрич“ во правец на с.Царев Двор патничко моторно возило „Цитроен Берлинго“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Е.К. (26) од Ресен, а кое тој противправно го одзел од сопственикот, удрило во столб, информира МВР.

По незгодата возачот го напуштил местотото на настанот, но по кратко време е пронајден. Е.К. од незгодата се здобил со повреди и му била укажана помош во ЈЗУ-Ресен. Увид на  местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Скопје сити мол“ евакуиран поради дојава за бомба

Редакција

Без бадникова литија за престојните божикни празници во Охрид

Редакција

Доколку има референдум, штипјани ќе се изјаснат за две прашања

Редакција