еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Балкан енерџи“ купува 10.000.000 килограми мазут за топланите во Тафталиџе, Керамидница и Кисела Вода

Компанијата за производство на топлина „Балкан Енерџи“ ДООЕЛ Скопје распиша оглас за набавка на масло за горење – мазут до 10.000.000 килограми со максимална содржина на сулфур до 1%.

Проценетата вредност на договорот без ДДВ е 258.550.000 денари или околу 4,2 милиони евра.

Како место на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите во огласот се наведени Топлана Запад (Тафталиџе-Скопје), Топлана Исток (Керамидница) и Топлана 11-ти Октомври (Кисела Вода).

Главен критериум за доделување на договорот е најниската цена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лекарите вознемирени, комората бара расветлување на случајот со убиството на докторот во Железара

Редакција

„Виз ер“ постигна нов рекорд летово, превезе 33 милиони патници

Редакција

ТТК Банка ја послуша Народна банка, засега нема да исплаќа дивиденда

Редакција