еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Банките имаат конкуренција: Преку „Фејсбук“ нудат заем од 5.000 до 1.000.000 евра со камата до 3%

Добиваат ли македонските банки сериозна конкуренција е дилемата која се наметнува откако на социјалните мрежи почнаа да се појавуваат физички лица кои нудат заеми од 5.000 до 1.000.000 евра со камата од 3%.

„Барате заем за заживување на сопствен бизнис или за извршување на вашите проекти. Повеќе не се грижете, ви нудиме краткорочен, среднорочен и долгорочен кредит во висина од 5.000 до 1.000 000 € со стапка многу разумна камата од 3%. Ве молиме контактирајте не за повеќе информации: [email protected]“, пишува во една од објавите на Фејсбук.

Македонските граѓани веќе навикнаа на појавата на различни финансиски друштва кои во рекламите нудат кредити без „никакви трошоци“, а во суштина станува збор за многу „скапи“ позајмици. Сепак, ваквите друштва работат согласно законската регулатива.

Сега, прашање е колку е законски некој преку социјалните мрежи да нуди позајмици со камати кои не можат да си ги дозволат ниту банките.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Иванов на прием кај Трамп

Редакција

Груевски хит на Твитер: „Го нема никаде, ко мајка ми да го кренала“

Редакција

Над 281.000 граѓани имаат животно осигурување, вложиле осум милиони евра за три месеци

Редакција