еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Банките наплаќаат просечна камата од 4,89% на кредитите, а даваат 1,11% за штедните влогови

Во март 2020 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,89% и забележа месечен и годишен пад од 0,02 процентни поени(п.п.) и 0,37 п.п., соодветно, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 1,11% и на месечна основа е пониска за 0,08 п.п. На годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,31 п.п.

„Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во март, е намалена за 0,21 п.п. на месечна основа и изнесува 4,12%. На годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,72 п.п.

Кај просечната каматна стапка на новопримените депозити е забележан месечен пад од 0,44 п.п. и изнесува 0,54%, додека споредено со март претходната година оваа каматна стапка е пониска за 0,88 п.п.“, соопшти Народната банка

Каматни стапки на корпоративниот сектор

Просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор, во март, бележи месечен пад од 0,03 п.п. и изнесува 4,08%.

„Надолната промена се должи на падот кај сите компоненти на оваа каматна стапка: каматните стапки на кредитите во странска валута и каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,03 п.п., соодветно), како и каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,02 п.п.).

Споредено на годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор е намалена за 0,46 п.п.“, информираат од Народната банка

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, во март изнесува 1,24% и во споредба со минатиот месец бележи намалување од 0,25 п.п.

„Намалувањето е резултат на падот кај сите компоненти во оваа категорија, и тоа: каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,47 п.п.) и каматните стапки на денарските депозити без и со валутна клаузула (за 0,12 п.п. и 0,02 п.п., соодветно).

Анализирано на годишна основа, каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор бележи пад за 0,50 п.п“, информираат од Народната банка.

Каматни стапки на домаќинствата

Во март 2020 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 5,64%, по остварен месечен пад од 0,03 п.п.

„Гледано според валутната структура, месечната промена се објаснува со намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,03 п.п.), каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,01 п.п., соодветно).

Просечната каматна стапка на вкупните кредити на домаќинствата е пониска за 0,37 п.п., споредено на годишна основа“, информираат од Народната банка.

Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата, во март е намалена за 0,05 п.п. на месечно ниво и изнесува 1,10%.

„Надолната месечна промена целосно е резултат на пониските каматни стапки на депозитите во денари без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,07 п.п. и 0,04 п.п), во услови кога каматната стапка на депозитите во денари со валутна клаузула е непроменета.

Во споредба со март претходната година, оваа каматна стапка е пониска за 0,28 п.п.“, соопшти Народната банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Банките наплаќаат многу „посолени“ камати за кредитите отколку што даваат за штедните влогови

„Корона-каматите“ треба да се изучуваат како пример за општествена неправда

Детален преглед: Банките решија да наплаќаат камати на „корона кризата“

Комерцијална банка оствари приходи од 16,5 милиони евра за три месеци: Каматите основна компонента

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Diners Club Македонија го прославува својот 30. роденден

Редакција

„Македонски железници“ вработува 33 лица, плата до 23.746 денари

Редакција

Кошкање има во секоја фирма, вели директорот на М-НАВ за упадот во Контрола на летање и нема да поднесе оставка

Редакција