еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Барокната опера „ДИДО и ЕНЕЈ“ постави платформа со нови естетски вредности

Конечно, и во Скопје, се реализираше премиерата на камерната опера „Дидо и Енеј“! Со овации и силни аплаузи во петокот вечерта во малата сала на Филхармонија, беа испратени сите оние ѕвезди кои стапнаа на сцената. Нешто што е веќе практика на светските сцени, да се постави барокна опера и тоа во концертна верзија, сега и кај нас се случи со намера на организаторите да ја приближат публиката до музичката и содржинската суштина на делото.

Сосем едноставно, модерно и професионално тимот на „Полифонија” повторно ја оствари својата идеја несебично создавајќи подиум за репрезентација како на странски така и на домашни талентирани уметници. На сцената настапија солисти од Македонија, Германија, Грција, Италија, Канада и Каталонија чие заедничко музицирање беше посветено на магична музика од 17ти век напишана од славниот Хенри Персел.

Настанот без сомнение донесе нови звучни и естетски хоризонти под македонското музичко небо! Ликовите од операта Дидо и Енеј, беа насликани навистина волшебно, посветувајќи се целосно на приказната и се разбира, на сите музички карактеристики со звучната поддршка на солистите од ансамблите на Г.А.П. и Полифонија како и хорот Ин медиас рес.

И не само ансамблите, туку и солистките од Канада, Криста де Силва од Операта на Калгари и Лаура Џин Елигсен од Виенската Државна Опера, како и нашиот баритон со светска кариера – Васил Гарванлиев  го внесоа својот уметнички, креативен капацитет кој очигледно е навистина висок. Браво за организацијата на целиот настан. Настан, редок за нашата музичка култура, настан кој ќе се памети, концерт кој треба да се повтори, за да слушаме и гледаме врвни уметнички вредности!

Проектот беше реализиран од уметничкиот центар Полифонија со поддршка на Министерството за култура, Гете-институтот во Скопје, Канадскиот музички центар во Скопје, хотел АРКА, хотел Stonebridge, Идеа Лаб,  Академија Авангард, Стоби  винарија и Здравје Радово како и Филхармонија со својата аудио продукција, кои со своето учество придонесоа да се постигне вистинското ниво кое го заслужуваат уметниците и овој жанр во музиката.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонскиот филм „Скаут“ селектиран на престижниот фестивал „Л.А. Шортс“ во САД

Редакција

Со отворени денови во скопските стручни средни училишта, заврши караванот на кампањата „Учи паметно, работи стручно“

Редакција

(Фото) Околу 8.000 учесници на седмото издание на „Вози право, вози здраво“ во поддршка на здравите животни навики

Редакција