еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Бектеши: Ако има потреба ќе се прошири листата на производи со „замрзнати“ цени

Одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени продукти ја донесовме со цел да нема поголемо влијание во делот на трошоците што граѓаните ги имаат, особено во време на енергетска криза, имајќи предвид дека цените на електричната енергија можат да влијаат директно и индиректно во зголемување на цените и на производството и на трговијата, било тоа да е трговија на мало или на големо, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција.

Бектеши вели дека со донесувањето на одлуката основните прехранбени продукти, лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата да се продаваат по цените што ги имале на 1 декември, не значи дека нема да се прошири одлуката и со другите производи.

– Се зависи од податоците што ќе ги добиеме наредната недела од Заводот за статистика, овие одлуки ги носиме само во интерес на граѓаните и во интерес на нивниот животен стандард, додава Бектеши.

Прашан зошто одлуката за замрзнувањето на цените не е донесена по примерот на Србија, министерот за економија посочи дека тоа зависи од многу параметри.

-Првично репроматеријалите на одредени домашни компании кои произведуваат сончогледово масло за јадење во нашата држава главно ги увезуваат. Во делот на увезената цена не можеме ние да влијаеме зошто тие производи се произведуваат надвор од државата.

Ние можеме да влијаеме во делот на маржата што ја утврдува домашната компанија во формирање на конечната цена, појасни Бектеши.

Втор чекор, тој вели дека е трговијата на мало каде се пласираат одредени производи и како трета фаза е цената којашто граѓаните ја купуваат во маркетите, која е мала трговија во однос на маржите.

– Што се однесува до одредени продукти кои се произведуваат домашно, ние паралелно имаме други механизми преку Законот за директна поддршка на инвестициите, преку субвенционирање на одредени производи што веќе ги реализираме и имплементираме и во претходните години, а секако од почетокот на наредната година дополнително ќе ја зголемиме поддршката за вакви производи, кажа министерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

До 31 јануари нема поскапувања: Владата ги замрзна цените на лебот, брашното, маслото, млекото

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Андријана Јаневска и Игор Џамбазов со „Ми заплакало селото Ваташа“ и „Цветови“ – хит на социјалните мрежи

Редакција

(Видео) Трактори од цела Грција ја „окупираа“ Атина, жителите ги дочекаа со аплаузи

Редакција

Груевски ја потврди автентичноста на „бомбите“ со Камчев: Снимките покажуваат дека немам врска со „Плацеви на Водно“

Редакција