еМагазин
Image default
Свет

Белата куќа: Трамп имаше „неформален разговор“ со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп имал „неформален разговор“ со рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Сара Сакаби Сандерс.

Таа додаде дека двајцата претседатели разговарале за време на вечерата на Самитот на Г-20 во Буенос Аирес.

– Како што е вообичаено на мултилатералните собири американскиот претседател и првата дама имаа повеќе неформални разговори со светските лидери за време на вечерата, вклучително и Путин, истакна Сандерс.

Претходно, советникот во Кремљ, Јуриј Ушаков изјави дека Путин и Трамп вчера имале куса средба на маргините на Самитот на Г-20 во Аргентина,

Ушаков додаде дека тој се сретнал со советникот на Трамп за национална безбедност Џон Болтон.

– Русија и САД се подготвени да ги продолжат контактите, наведе Ушаков.

Но, тој посочи дека „не е сигурен кога би можело да биде одржан нов состанок меѓу Путин и Трамп“.

Во меѓувреме американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека Трамп е подготвен да се сретне со Путин, но откако Русија ќе ги ослободи украинските морнари кои се уапсени за време на инцидентот во близина на Крим и да ги врати запленетите украински воени бродови.

– Претседателот Трамп изјави дека сака состанок и разговор со претседателот Путин. Многу тоа е потребно за заедно да изнајдеме пат по кој ќе продолжиме понатаму, има многу места на кои Американците се под ризик, посочи Помпео. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Војната во Украина ќе трае со години: Русија за одбраната ќе изводи речиси третина од буџетот за 2024 година

Редакција

Во Туркменистан забранет зборот „коронавирус“, кој ќе го спомне ќе биде уапсен

Редакција

Во Русија досега мобилизирани над 200 илјади лица

Редакција