еМагазин
Image default
Бизнис

Белгиската компанија ГлаксоСмитКлајн за МИА: Сите вакцини испратени во Македонија се во согласност со нормите

Белгиската фармацевтска компанија ГлаксоСмитКлајн (ГСК) која ја произведува МПР вакцината што се користи во Македонија за МИА вели дека од нивна страна сѐ е регуларно и дека се води истрага околу инцидентот во Македонија.

Портпаролката на ГСК, Елизабет Вандам, во писмен одговор во Брисел порача дека фирмата била информирана за проблемот околу етикетите и амбалажата во Македонија и дека моментално води истрага за случајот,  јави дописничката на МИА во Брисел.

-Нашите вакцини Приорикс се испратени до дистрибутер во Македонија, Македонија Лек. Можеме да потврдиме дека сите вакцини Приорикс се испратени директно од местото на производство во Вавре, Белгија и дека овие вакцини ги почитуваат стриктните правила и нормите на квалитет на Европската Унија, стои во дописот.

ГСК води истрага за ситуацијата и “тесно соработува“ со локалните власти во Македонија како и со дистрибутерот јави МИА од Брисел.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Мотиви“ го доби тендерот на Клиниката за гинекологија за привремени вработувања вреден 34.500 евра

Никола Осило

Директорката на УЈП за сметките на Груевски: Не сме истражен, туку даночен орган

Редакција

Пробиен најголемиот друмски тунел во Македонија на автопатот Кичево-Охрид

Редакција