еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините поевтинуваат за три, а дизелот за два денари

За три денари ќе поевтинат бензините од ноќеска на полноќ, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 66,50 денари за литар, а 68,50 денари на еуросупер БС-98. Литар еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 60 денари ден/лит, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 50 денари.

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 2,982 денари за килограм и ќе изнесува 32,361 денари.

Малопродажните цени на горивата во просек се намалуават за 4,8 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија и официјално влезе во рецесија

Редакција

Велешки “Ветекс“ во првото полугодие со добивка

Редакција

Владимир Ефтимоски реизбран за претседател на Управниот одбор на Стопанска банка Битола

Редакција