еМагазин
Image default
Бизнис

Бензинот и дизелот поскапуваат до денар и половина

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,88 отсто.

Малопродажната цена на бензинот „eуросупер БС-95“ од ноќеска ќе се зголеми за 1,50 денари за литар, додека малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-98“, еуродизел се зголемуваат за еден денар за литар.

Со најновата одлука, максималната цена на „eуросупер БС-95“ на бензинските станици ќе изнесува 68,50 денари за литар, додека „еуросупер БС-98“ се искачи на 70 денари за литар.

Дизелот на бензинските станици ќе се продава по цена од 60 денари за литар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Во казино во Дојран се издавале лажни сертификати, тврди грчка телевизија, МВР ќе врши проверка

Редакција

Лидл сака логистичкиот центар да му биде во Куманово, понуди 5,3 милиони евра за земјиште

Редакција

Пет угостителски објекти затворени во изминатата недела, два од нив во новогодишната ноќ

Редакција