еМагазин
Image default
Балкан

Бериша повикува на „народна револуција“ по примерот на романската

Поранешниот албански претседател и премиер Сали Бериша ги повика албанските граѓани да се „кренат на народна револуција“ против актуелната власт.

Според Бериша, кој е и поранешен лидер на опозициската Демократска партија, Албанците треба да го следат примерот на Романците, кои, како што наведува, протестираат против корумпираната Влада.

– Драги пријатели, деновиве романските граѓани се кренаа на силна народна револуција во Букурешт и низ цела Романија за уривање на левичарскиот клептократски режим. Изразувајќи ја мојата огромна солидарност и восхит со романските граѓани и нивната револуција, ги повикувам албанските граѓани да се кренеме и ние на една сенародна револуција, за да ја урнеме наркодржавата и клептократскиот режим во Албанија, објави Бериша на Фејсбук.

Тој ги повикува Албанците „овој септември што доаѓа заедно да го претвориме во најголемиот и најзначаен септември во нашата историја“.

Претходно и лидерот на демократите Љуљзим Баша за септември најави „сенационални антивладини протести“, одбивајќи го предлогот на премиерот Еди Рама од следниот месец, кога завршува одморот на пратениците, заедно во Парламентот да ги донесат значајните закони за европската иднина на Албанија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција згрозена: Учесник во „Big brother“ изјави дека ќе има силување ако секој ден не биде со девојка

Редакција

(Видео) Еди Рама не можеше да ги задржи солзите: Земјотресот во Албанија зеде 50. жртви

Редакција

Од денеска влез во Албанија без сертификат, земјата ги укина сите ковид-мерки

Редакција