еМагазин
Image default
Локално

Беровчанка ангажирала рекетари од Грчец за да изнуди илјадници евра од скопјанец

Секторот за внатрешни работи – Единицата за насилен криминал поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје против К.П.(30) од Берово, со привремен престој во Скопје, А.С.(26) од с. Грчец, Ј.Р.(26) од с. Грчец и Б.С.(21) од с. Грчец поради основи на сомнение дека од Д.З.(67) од Скопје, изнудиле 10.000 евра, со што сториле кривично дело „изнуда“, предвидено и казниво по член 258 од КЗ, информира МВР.

На кривичното дело претходела изнуда од страна на првопријавената, која во текот на 2016 година ангажирала други лица, кои со закани и уцени од оштетениот успеале да изнудат 50.000 евра. Делото не било пријавено од оштетениот. Но, на 10-ти овој месец Ј.Р. му се јавил на оштетниот и му рекол да дојде во кафе бар лоциран во трговски центар на булевар “Кирил и Методиј” во Скопје, каде истиот дошол заедно со А.С. и му рекле дека до 14-ти мора да им исплати 10.000 евра.

По ова оштетниот случајот го пријавил во Единицата за насилен криминал и за истото е известен Јавен обвинител, по што оштетениот заминал на улица “Македонија” каде требало да се сретне со четворицата пријавени.

На местото на настанот од слобода се лишени К.П. и А.С. додека Ј.Р. и Б.С. се дале во бегство. Иситиот ден (14.12.) по наредба од Судија на претходна постапка извршени се претреси во дом и други простории кај три од пријавените лица при што се пронајдени предмети за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривични дела и истите со потврда се одземени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меѓународен бизнис самит во Скопје

Редакција

Дел од Кисела Вода без парно

Редакција

Тешко повредена 18-годишна скопјанка по удар од автомобил

Редакција