еМагазин
Image default
Македонија

БЕСА на Касами прашува дали Груевски навистина побегнал или му било дозволено да си оди

Пратениците од крилото на „БЕСА“ на Билал Касами бараат одговорност од надлежните институции за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија. Тие бараат и одговор дали тој навистина побегнал или му било дозволено да си оди.

– Ова е многу значајно прашање за институциите на државата кои за жал потфрлија во еден значаен момент, бидејќи не се работи за обичен граѓанин кој има проблем со законот, туку за поранешен премиер за кој овде во Собранието имаше дури и постапка за одземање на мандат и човек кој ја водеше државата 11 години, рече пратеникот Фадил Зендели.

Тој смета дека институциите на системот потфрлиле и оти наместо да се погрижат Груевски денеска да биде на издржување на затворската казна, тој е во Унгарија од каде бара политички азил.

-Тоа е недозволиво и затоа како политичка партија и пратеници ќе бараме државните органи и надлежните институции да ја сносат и преземат одговорноста за тоа што Груевски не е во Шутка, туку во Будимпешта, рече Зендели.

Груевски побегна во Унгарија од каде побара политички азил. Информацијата за заминувањето во Унгарија, тој ја соопшти на „Фејсбук“, а подоцна беше потврдена и од МВР.

Во моментов полицијата има распишано меѓународна потерница по него.

Груевски требаше да се јави во затворот во Шутка за издржување двегодишна затворска казна по пресуда за случајот „Тенк“.

МИА/Фото: ВМРО ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе паднат ли оставки за бегството на Груевски?

Фарса не векот: Ќе ни остане ли за спомен од Груевски потерницата на МВР?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ноември му истекува времениот пасош на бизнисменот Орце Камчев

Редакција

Чаир единствена скопска општина со над 100 активни случаи на Ковид-19

Редакција

Стејт департментот за отварањето на клубот “Ванчо Михајлов“ во Битола: САД даваат силна поддршка за влез на Македонија во ЕУ

Редакција