еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Бесплатен кредит од Forza за вработените во здравствените институции

Живееме во екстремно тежок период кога целиот свет е погоден од пандемијата со коронавирусот. Милијарди луѓе ширум светот се наоѓаат во карантин, а бројот на регистрирани позитивни пациенти, како и бројот на смртни случаи како последица од вирусот, растат од ден на ден.

Глобално, светската економија веќе претрпе големи загуби, а големите индустрии се на работ на банкрот. Една студија на Обединетите нации вели дека 81% од светската работна сила, која ја сочинуваат 3,3 милијарди луѓе, целосно или делумно го имаат изгубено своето работно место поради пандемијата, што ја прави оваа криза најтешка економска криза од „Големата депресија“ од 1930-тите.

Неодамна направеното истражување во Македонија, пак, покажува дека речиси 80% од работниците се погодени од кризата, над 25% рекле дека имаат намалување на платите, а 11% од вработените изгубиле работа. Меѓутоа, големата глобална економска криза, што нема да ја поштеди ниту една земја во светот, допрва доаѓа.

Додека коронавирусот предизвикува глобална економска криза, здравствените работници во моментов се најголемите херои кои во „првите борбени редови“ против оваа болест се обидуваат да спасат што е можно повеќе животи, но и да стават крај на оваа пандемија што е можно побрзо.

Оттука, за сите здравствени работници кои неуморно се борат да го победат коронавирусот и го жртвуваат својот живот за да го заштитат нашиот, Forza воведе наменски брз кредит со 0% каматна стапка и 0% трошоци.

Овој кредит е наменет за сите доктори, медицински сестри, фармацевти, како и сите медицински професионалци вработени во здравствените установи. Всушност, сумата која медицинските лица ќе ја подигнат е онаа која и ќе ја вратат, без никакви дополнителни трошоци, или пак провизии.

Во овие вонредни услови кога животот драстично се менува, а практично целото општество зависи од пожртвуваноста на здравствените работници, од компанијата велат дека овој наменски продукт е всушност мал гест на благодарност за целиот медицински персонал во време кога тоа им е најпотребно.

„Одлучивме да го воведеме овој наменски кредит без камата и без никакви провизии со цел да им се заблагодариме на медицинските лица и да ја изразиме нашата поддршка кон сите оние кои се во првиот фронт во битката со Ковид-19.

Се надеваме дека на овој начин барем малку ќе можеме да им се одолжиме за целиот напор кој го вложуваат и дека ќе успееме да им помогнеме во справувањето со кризата од која сме погодени сите. На сите здравствени работници им посакуваме добро здравје со надеж за што поскоро надминување на пандемијата и враќање на нормалниот начин на живот“, изјави Елизабета Сиљановска од Forza.

Аплицирањето за Forza кредитот за здравствени работници е брзо, едноставно и од дома, без чекање во редици на шалтерите. Сè што треба здравствените работници да направат е да ја посетат веб-страницата на Forza – www.forza.mk, да аплицираат за кредит според наведените инструкции и да ги очекуваат своите средства за 15 минути.

Сумата која што може да се подигне е до 20.000 денари, а периодот на враќање е 30 дена.

Сега, повеќе од кога било луѓето имаат потреба од користење на дигитални технологии и брзи решенија, па така ФД Диџитал Фајнанс Интернешнал преку своите брендови Forza и Kreddy е во можност да понуди финансиски производи кои се адаптирани на барањата на клиентите, побрзи и поедноставни од претходно достапните.

Повеќе информации поврзани со новиот Forza кредит наменет за вработените во здравствените установи се достапни на нивната веб-страница, како и на телефонскиот број 02 323 6666.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антонио Крстаноски доби награда за најдобар истражувачки труд-управување со ризици во осигурувањето

Редакција

Поддршката од СОС Детско село за сопствен бизнис развој го поттикнува општествениот напредок

Редакција

Со Spinning® сесија и Slackline натпревар во одржување баланс викендов во спортска атмосфера се одржа HFWE #5  

Редакција