еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Бесплатен онлајн курс за претприемничка култура и деловна етика

Слободното време искористете го за едукација преку бесплатните онлајн курсеви кои ви ги овозможува Фондација Претприемачки Сервис за Млади.

Фондација Претприемачки Сервис за Млади ги повикува сите заинтересирани млади лица да го следат бесплатниот онлајн курс насловен „Претприемничка култура и деловна етика“.

Во рамките на овој курс се обработуваат различни фази од претприемачкиот процес, како што се дефинирање на бизнис модел, монетизација, управување со мал бизнис и стратегии за подобрување на перформансите.

Наставната програма на курсот е составена од шест модули:

Модул 1: Бизнис идеи и можности

Модул 2: Од идеја до стартап компанија

Модул 3: Стратегии за раст

Модул 4: Финансирање и профитабилност

Модул 5: Управување со одговорноста

Модул 6: Деловна етика

Секој од овие шест модули е составен од е-книга, презентација и видео лекција за полесно и побрзо учење. Секој модул содржи 5 лекции каде по секоја лекција можете да го проверите вашето знаење преку онлајн тест.

Сите заинтересирани лица можат да го следат курсот преку креирање на кориснички профил на онлајн платформата http://www.balkanmed-innova.eu/moodle/.

Онлајн курсот е дел од проектот БалканМед ИННОВА во чии рамки е креирана веб-школата за претприемништво и доживотно учење. За подетални информации обратете се на е-мејл [email protected].

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казино „Фламинго“ и хотел ќе ги отстапи собите како место за изолација и карантин

Редакција

Можност да се надминат професионалните предизвици – АММ организира тренинг со Сем Вакнин

Редакција

Професорката по македонски јазик Тримчевска избрана за најдобра на просторите на поранешна Југославија

Редакција