еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Бесплатни прегледи за мерење на дишната функција на 21-ви ноември во Капитол мол

По повод светскиот ден за хронична опструктивна белодробна болест – ХОББ, 21-ви ноември, кој се одбележува под мотото ,,Никогаш не е прерано, никогаш не е предоцна”, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза – Скопје и Здружението на пневмофтизиолозите за граѓаните, ќе организираат бесплатни прегледи за мерење на дишната функција.

Прегледите ќе се изведат на 21.11.2018 година (среда) во период од 11.00 до 14.00 часот во Капитол мол во Аеродром, Скопје.

„Овој настан е од особена важност за да се испрати порака до населението на Република Македонија за важноста на препознавањето на оваа болест. Навременото дијагностицирање и правилното лекување на оваа болест ќе го подобрат квалитетот на живот и животниот век на лицата кои страдаат од ХОББ“, велат од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза и од Здружението на пневмофтизиолозите на Македонија

Тие додаваат дека еден од најголемите ризик фактори за појава на ХОББ е пушењето, но дека поради разни причини како начин на живеење или самата срединам, препорачливо е сите кои се во можност да се проверат на бесплатните прегледи на 21-ви.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Кирковски испишува историја: Не беше лесно, имав проблеми со мрзнење на стапалата на Аконкагва

Редакција

НЛБ Банка го продолжува периодот за бесплатно користење на мобилно и електронско банкарство до 31 мај

Редакција

(Видео) Перо Антиќ во „Еден на Еден“ прозборе за приватниот живот и за ноќта кога го привеле во Њујорк

Редакција