еМагазин
Image default
Бизнис

„Бетон-Штип“ во загуба од 53,6 милиони денари

ГТД „Бетон-Штип“ во периодот од 01.01.2018 година до 31.12.2018 година оствари негативен финансиски резултат загуба во износ од 53.688.000 денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Вкупните приходи изнесуваат 407.182.000 денари и тие се 91,18% помали во споредба со приходите од 2017 година од 446.536.000 денари.

Во овој период вкупните расходи се 460.870.000 денари и се намалени 91,17% споредено со 2017 година кога изнесуваа 502.156.000 денари.

„Во деловната 2018год. остварените резултати од работењето на Друштвото се на домашниот пазар на повеќе објекти и преку клонот во Бугарија. Неликвидноста која не пратеше цела година која резултираше со недостаток на средства за одржување на тековното работење и набавка на репроматеријал за работа и редовно сервисирање на обврските.

Одливот на работници во екот на градежната сезона која директно се одрази на реализацијата и претење на динамиката на градба на објектите.

Вложувањата кои ги направивме во изминатиов период не ги дадоа очекуваните резултати, а каматите и ануитетите по кредитите достаса за плаќање и го зголемија вкупниот трошок на работењето.

Цела година работевме во правец на континуирано намалување на трошоците од работењето, на максимално искористување на постојните капацитети и максимално ангажирање на вработените во друштвото“, соопшти компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пекабеско со зголемена добивка во првите шест месеци од годинава

Редакција

Шестиот пакет мерки тежи 17,8 милиони евра, насочен е кон 12 категории на дејности

Редакција

Просечната плата во август 31.871 денари

Редакција